Забрчани се наоѓа во североисточниот дел на Прилепско Поле, под северозападните падини на планината Злато, на југоисточната страна од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 5,2 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 14 км.[2]
Во летото 2007 година, околината на селото била зафатена од пожари.[5] Во јули 2008, Забрчани и соседното село Мало Мраморани, ги зафаќа силен град, кој предизвикува огромна материјална штета - целосно уништување на неосигураниот земјоделски годишен род на тутун, лубеница и пченка.[6]
Селото има полјоделска функција. Во неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 333 ха, на пасишта отпаѓаат 117,4 ха, додека шумите зафаќаат површина од 36,2 ха.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
229
—
1953
253
+10.5%
1961
243
−4.0%
1971
189
−22.2%
1981
133
−29.6%
Година
Нас.
±%
1991
82
−38.3%
1994
85
+3.7%
2002
72
−15.3%
2021
50
−30.6%
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“, во податокот за 1873 г. Забрчани е заведено двапати — еднаш како Запришани со 26 домаќинства и 128 жители Македонци, и втор пат како Запрчани со 49 домаќинства и 232 жители Македонци, но второто всушност дава податоци за селото Вепрчани.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Забрчани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[12]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 72 жители, сите Македонци.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 49 Македонци и 1 лице без податоци.[14]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Стрезовци (7 куќи) доселени се од селото Големо Коњари пред 220 години, го знаат следното родословие: Методија (жив на 59 години во 1950-тите) Стојан-Апостол-Диме-Стрезо-Петко-Богдан, од селото Големо Коњари се доселил предокот Стрезо, уште подалечно потекло имаат од селото Кореница, од каде се иселил Богдан; Бакаровци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, таму припаѓале на родот Грневци; Ментевци (2 куќи) доселени се од селото Дреновци, и таму биле доселени однекаде; Ќосевци (5 куќи) најпрво живееле во Големо Мраморани, од каде најпрво се иселиле во Сенокос, па во Секирци и на крај овде; Плачковци (4 куќи) доселени се однекаде; Бардаковци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, каде биле род со споменатите Бакаровци; Караџовци (6 куќи) и они се доселени од Долнени, каде исто така биле род со Бакаровци; Веселин (1 куќа) доселен од Стровија, таму припаѓал на родот Тренковци; Пејчиновци (1 куќа) доселени се од поречкото село Локвица во 1946 година.[19]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1461 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[20]
Во минатото, во селото бил активен фудбалскиот клуб Кадица Забрчани.
Иселеништво
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Ѓоровци и Пржевци целосно се иселиле во Прилеп. Караџовци иселени се во Дупјачани.[19]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN9989649286.
↑Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN978-608-65143-2-7.
Користена литература
Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 127 стр.