Мало Мраморани
Мало Мраморани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаМало Мраморани се наоѓа во источниот дел на Прилепското Поле, оддалечено 12 км северозападно од Прилеп. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 715 м. Неговиот атар зафаќа површина од 3,7 км2.[2] ИсторијаВо XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3] Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[4] СтопанствоВо рамки на селскиот атар, обработливото земјиште преовладува на површина од 241 ха, па затоа селото има исклучиво полјоделска функција.[2] Население
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името М-р-м-о-р-а-н-и и имало 27 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Мраморани е село со 11 домаќинства и 44 жители Македонци.[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Мраморани — споменато како Долно Мраморани — живееле 55 жители Македонци.[7] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото живееле 48 Македонци.[8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Мраморани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.[10] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 44 жители, сите Македонци.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 45 Македонци и 1 лице без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМало Мраморани е македонско село. Родови во селото се: Јакофовци (3 куќи) први доселеници во селото, не знаат од каде се доселени; Гличевци (9 куќи) доселени се во првата половина на XIX век од селото Горно Село, таму имаат истоимени роднини, го знаат следното родословие: Киро (жив на 40 г. во 1950-тите) Даме-Ристо-Јаков, се доселил неговиот татко; Кашовци (4 куќи) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Сенокос, таму им биле род Смрдевци, уште подалечно потекло од Мариово; Лазовци (1 куќа) доселени се од костурското село Сетома во 1948 година; Каратошевци (1 куќа) доселени се од околината на Кајлари (Егејска Македонија) во 1948 година.[17] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1491 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости
Познати личности
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia