Заполжани
Заполжани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, северозападно од градот Прилеп. ИсторијаКон крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Заполжани живееле 354 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Заполжани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заполјани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5] Во 2002 година, во селото живеел 241 жител, од кои 234 Македонци и 7 Роми.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 229 жители, од кои 218 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЗаполжани е македонско православно село, во селото има малку староседелски родови, а повеќе доселенички.[12] Родови во Заполжани се: Тркалевци (4 к.), Дуковци (3 к.), Ѓорговци (1 к.) и Бурџевци (1 к.), Дуковци се гранка од Тркалевци, овие четири рода се староседелски; Нешковци (20 к.), доселени се од некое село во Охридско; Сливовци (6 к.), доселени се од соседното село Големо Коњари, на самиот старт од XIX век, го знаат следното родословие: Никола (76 г. во 1951 година) Ристе-Диме-Спирко, порано се викале Гроздановци; Соколовци (5 к.), доселени се од селото Зрзе, во Зрзе припаѓале на родот Гебевци, кои се доселени од кичевското село Патец; Лајковци (2 к.), доселени се во турско време од претежно торбешкото село Лажани; Мартиновци (3 к.), доселени се во турско време, од селото Средорек; Црвениковци (4 к.), доселени се во 1919 година од селото Далбеговци, таму припаѓале на родот Шиндевци; Козаровци (3 к.), доселени се во 1921 година од селото Слепче, Прилепско, таму припаѓале на истоимениот голем род, кои во Слепче се доселени од Дебарско; од 1936 година во селото се доселиле 6 рода, 5 од Порече и 1 од Мариово, родови: Дуковци (3 к.), доселени се од селото Локвица; Душановци (3 к.), Маџовци (3 к.) и Златевци (1 к.), доселени се од селото Лупште; Огњановци (2 к.), доселени се од селото Ковач и Спасе (1 к.), доселен од некое село во Мариово. Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1467 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 195 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичности
Култура и спортИселеништвоСе знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Шишковци иселени се во Мажучиште. Слабаковци иселени се во Бело Поле. Стевановци иселени се во Сенокос. Од родовите Тркалевци, Соколовци и Сливовци по две семејства се иселени во Прилеп. Од родот Златевци едно семејство е иселено во Скопје. Неколку семејства од Бурџевци изумреле.[12] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia