Сарандиново
Сарандиново — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаСарандиново се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, во средишниот дел од територијата на Општина Долнени, непсоредно до патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 610 м. Неговиот атар зафаќа површина од 4,9 км2. Соседни села се: Ропотово, Жабјани и Пешталево од север, Браилово од североисток, Долнени од југоисток, Кошино од северозапад, Дабјани од запад, Бело Поле, Кутлешево и Новоселани од југозапад. Од Прилеп е оддалечено 18 км.[2] Месности во селскиот атар се: Мера, Мала Рада, Дрварски Пат, Пречни Пат, Јаширица, Орлоица, Дупка и Караорман. Останатите делови од селскиот атар се: Врба, Шест Круши, Завој, Ќортаница, Црна Нива, Горни Ливади, Тумба, Смрека, Криви Слогови, Корија, Голема Нива, Трлиште, Падарчица, Гробишта, Близначиња, Болиоч, Кинатица, Само Дабче и Талеј Дабја.[3] ИсторијаОстатоци од стара населба на местото на селото се среќаваат во месноста Тумба покрај патот за Браилово и во Падарчица јужно од селото. Мештаните на овие места за време на обрабоување на земјиштето најдувале камења од ѕидови и ќерамиди. Постарите жители на селото раскажувале:
Селото Бурилово во атарот на денешното село Пешталево, недалеку од Сарандиново. Раселувањето од ова село се случило на почетокот од XIX век кога во Сарандиново дошле предците на најстарите родови – Дашковци и Младеновци. Според свеочењата на мештаните, во турско време земјата била агаларска, а само Дашковци и Младеновци имале свои куќи и земја во посед. Во тој период, во селото имало три чифлизи: два прилепски и еден дебарски. Сопствениците на првите чифлизи биле Турчин по име Рушит и христијанин по име Гиго Маламан, а дебарскиот чифлиг им припаѓал на родот Ќуљафковци. Во тој период, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[4] По Првата светска војна, државната власт им ја поделила чифлик-сајбиската земја на затекнатите и доселените македонски родови. Околу една четвртина од селскиот атар тогаш ја купиле селаните од Долнени.[4] СтопанствоВо рамките на селскиот атар, обработливото земјиште преовладува на повешина од 468 ха, па затоа селото има полјоделска функција.[2] Население
Во пописните дефтери од 1467/68 година Борилово (Сарандиново) е регистрирано како ненаселена мезра, а во 1568/69 тука живееле 10 македонски христијански семејства и 7 неженети.[4] Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарандиново било село со 22 домаќинства и 85 жители Македонци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сарандиново имало 120 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Сарандиново било село со 128 жители Македонци.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сарадиново се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 24 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9] Според пописот од 2002 година, во селото Сарандиново живеат 98 жители, сите Македонци.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСарандиново е македонско село. Родови во селото се: Дашковци и Младеновци доселени се на почетокот од XIX век од раселеното село Бурилово, во родот Дашковци се знае следното родословие: Васил (жив на 68 г. во 1950-тите) Велко-Стојан-Кочо, основачот на родот кој дошол од раселеното село Бурилово; Симоновци доселени се во 1908 година од иселеното село Големо Мраморани; Гиновци и Микајле доселени се од селото Лупште во Порече, првите во 1936 година, а вторите во 1954 година; Нешковци доселени се во 1936 година, пред тоа живееле во Бело Поле и Житоше; Стојчевци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Сушица во Порече; Настевци доселени се во 1936 година од селото Зркле во Порече; Ефремовци доселени се во 1936 година од селото Рамне во Порече; Сиљановци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Манастирец (Горни или Долни) Порече; Павлевци доселени се во 1936 година од селото Могилец во Порече.[3] Општествени установиВо селото работи подрачното основно училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до петто одделение.[15] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1492 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[17] Културни знаменитости![]()
ИселеништвоСе знае за следните иселеници од селото Сарандиново: Јакофовци (4 к.) иселени се во селото Бело Поле. Мартиновци (2 к.) иселени се во селото Локвени. Од селскиот род Дашковци има иселеници во Прилеп (три семејства) и во Софија, Бугарија (пет семејства). Од родот Младеновци има иселеници во Прилеп (четири семејства)[3] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia