Калироја (старогрчки: Καλλιρρόη), наречена и Јупитер XVII — неправилна надворешна месечини на Јупитер која се движи во повратна насока. Пронајдена е во 1990 г. во опсерваторијата Националната опсерваторија „Кит Пик“ според набљудувања направени од 6 октомври до 4 ноември 1999 г.[6] и првично прогласена за астероид со ознаката 1999 UX18.[7][8] Забележана е како кружи околу Јупитер од Тим Спар на 18 јули 2000 г. и така добила ознака S/1999 J 1.[2][9]
Име
Движењето на Калироја снимено во однос на позадинските ѕвезди во јули 2000 г.
Месечината е именувана во октомври 2002 г. по океанидата Калироја, ќерка на речниот бог Ахелој.[10]
Особености
Калироја има привидна величина од 20,7,[11] што ја прави уште послаба од џуџестата планета Ерида (18,7).[12] Јупитер е 2,5 милијарди пати посјаен од Калироја.[13]
Месечината има пречник од 9,6 км[4] и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24,1 милиони километри за 747,09 дена Има наклон од 141° кон еклиптиката (140° кон Јупитеровиот екватор) и занос од 0,28. Ова тело веројатно е зафатено доста одамна од хелиоцентрична орбита, и гравитациското влијание на Сонцето ја прави орбитата мошне непредвидлива.[6]
Ѝ припаѓа на Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 милиони километри со наклони од 144,5° до 158,3°. Меѓутоа, додека Пасифаја е сива (B−V=0,74, V−R=0,38, V−I=0,74) по боја, Калироја е светлоцрвена (B−V=0,72, V−R=0,50, V−I=1,02) и послична на Мегаклита.[14]
Истражување
Калироја сликана од инструментот LORRI на леталото „Нови Хоризонти“.
Вселенското летало „Нови хоризонти“ направило слики од Калироја на 10 јануари 2007 г.[15]
Белешки
↑Откривањето ѝ се припишува на екипата астрономи сочинета од Џ. В. Скоти, Т. Б. Спар, Р. С. Мекмилан, Џ. А. Ларсон, Џ. Монтани, Е. Е. Глисон и Т. Герелс.[1]
↑Sheppard, Scott. „Scott S. Sheppard - Jupiter Moons“. Department of Terrestrial Magnetism. Carnegie Institution for Science. Посетено на 26 ноември 2020.