Теба (месечина)
Теба (/ˈθiːбiː/ грчки: Θήβη), позната и како Јупитер XIV, е четвртата месечина на Јупитер според растојание од планетата. Била откриена од Стивен Синот од фотографиите кои вселенската сонда Војаџер 1 ги направила на 5 март 1979, додека го прелетувала Јупитер.[5] Во 1983 година, месечината била официјално именувана по митолошката нимфа Теба.[6] Втора по големина од внатрешните месечини на Јупитер, Теба орбитира по надворешниот раб на прстенот кој се формира од прашината исфрлена од нејзината површина.[3] Месечината е со неправилен облик и со црвеникава боја, и се смета дека како Амалтеја се состои од мраз заедно со непознати количества на други материи. На површината има големи кратери и високи планини, некои од нив можат по големина да се споредат со самата месечината.[2] Теба била фотографирана во 1979 година со Војаџер 1 и 2, и подоцна, во 1990-тите, уште подетално со вселенското летало Галилео .[2] Откривањето и согледувањаТеба била откриена од страна на Стивен Синот од сликите на Војаџер 1 направени на 5 март 1979 година и првично ѝ била дадена привремената ознака S/1979 J 2.[5][7] Во 1983 година, била официјално именувана по митолошката нимфа Теба која му била љубовница на Зевс—грчкиот еквивалент на Јупитер.[6] Откако била откриена со Војаџер 1, Теба била фотографирана и од Војаџер 2 во 1979 година.[3] Меѓутоа, пред да стигне леталото Галилео на Јупитер, сознанијата биле доста ограничени. Галилео ја исликал речиси цела површина на Теба и помогнал да се разјасни нејзиниот состав.[2] ОрбитаТеба е најоддалечената од внатрешните месечини на Јупитер, и орбитира на растојание од околу 222,000 км (3.11 Јупитерови полупречници). Нејзината орбита има орбитално занесување од 0.018 и наклон од 1.08° во однос на екваторот на Јупитер.[1] Овие вредности се невообичаено високи за внатрешна месечина и можат да се објаснат со минато влијание на најблиската Галилеева месечина, Ија.[3] Во минатото, неколку орбитални резонанции со Ија веројатно поминале низ орбитата на Теба додека Ија постепено исчезнувала од Јупитер и истите ја возбудиле орбитата на Теба.[3] Орбитата на Теба се наоѓа во близина на надворешниот раб на прстенот, кој е составен од прашината исфрлена од месечината. По исфрлањето на прашината наноси се упатиле накај планетата под дејство на Појтинг–Робертсон ефектот формирајќи прстен.[8] Физички одликиТеба има неправилен облик, со најблиска елипсовидна апроксимација од 116×98×84 км. Нејзината површина е веројатно помеѓу 31,000 и 59,000 (~45,000) км2. Нејзините зафатнинска густина и маса не се познати, но под претпоставка дека нејзината густина е како онаа на Амалтеја (околу 0.86 g/cm3),[2] масата може да се процени на околу 4.3 × 1017 кг. Слично на сите внатрешни месечини на Јупитер, Теба ротира синхронично со своето орбитално движење, така што едното лице секогаш ѝ е свртено накај планетата. Нејзината ориентација е таква што долгата оска секогаш покажува на Јупитер.[3][3] Кратерот Зетус е најголемиот кратер (со пречник од околу 40 км) кратер и единствената именувана површина на месечината Теба. Има неколку светли точки на работ на овој кратер.[2] Се наоѓа на далечната страна на Теба, која не е свртена кон Јупитер. Бил откриен со вселенското летало Галилео. Името го добил по Зетус, сопругот на нимфата Теба во старогрчката митологија.[9] Површината на Теба е темна и се појавува во црвеникава боја.[4] Има значителна асиметрија помеѓу почетните и крајните полутопки: водечката полутопка е 1.3 пати посветла од крајната. Асиметричноста најверојатно е предизвикана од повисоката брзина и честота на влијанијата на водечката полутопка, која ископува светла материја (веројатно мраз) од внатрешноста на месечината.[4] Површината на Теба е со многу кратери и се чини дека постојат барем три или четири ударни кратери кои се многу големи, секој приближно со големина колку самата Теба.[3] НаводиОбјаснувачки белешки
Цитати
Цитирани извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia