Пандија (месечина)
Пандија (или Јупитер LXV, првично: S/2017 J 4) — надворешна месечина на Јупитер со пречник од 3 км. ОткривањеОткриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа во 2017 г. но објавена дури на 17 јули 2018 г. преку службениот распис на Центарот за мали планети.[2] ИмеМесечината го добила името во 2019 г. според Пандија, старогрчка божица на полната месечина, ќерка на Зевс и Селена.[3] Името е изгласано на конкурс приреден од Карнегиевиот институт на Твитер, по предлог на основци од селото Ланивет во Корнвол, Англија. Го избрале името „Пандија“ бидејќи пандата е симбол на нивното училиште и бидејќи селото порано испорачувало бамбус за панда во Лондонската зоолошка градина.[4][5][6] Таа е напраден член на надворешниот дел од Хималиината група, кои имаат имиња што завршуваат на -а. ОрбитаМесечината кружи по голема полуоска од 11.525.000 км при наклон од 28,15°.[7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia