Валетудо (или Јупитер LXII, првично S/2016 J 2) — месечина на Јупитер.[4][5] Откриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа од податоците добиени со Магелан-Бадеов телескоп (6,5 м) во опсерваторијата „Лас Кампанас“ во 2016 г., но објавен дури на 17 јули 2018 г. во службениот распис на Центарот за мали планети, каде биле објавени уште девет новооткриени Јупитерови месечини.[1] Освен податоците од „Лас Кампанас“, во изворната се наведуваат и податоци добиени од телескопот „Џемини Север“ (8,1 м) („Мауна Кеја“), како и рефлекторскито телескоп на Меѓуамериканската опсерваторија „Серо Тололо“ (4 м).
Особености
Месечината има пречник од околу 1 км и кружи околу Јупитер на растојание од 19 милиони километри. Има наклон од 34° и занесеност од 0,222.[3] Оди по напредна орбита која ја завршува за година и пол, но ги пресекува патеките на неколку други месечини кои имаат повратни орбити и претставуваат опасност за судири во иднина.[6]
Име
Валетудо ја носела првичната ознака S/2016 J 2 сè додека не добила име во 2018 г. Името ѝ е дадено по Валетудо, римската божица на здравјето и чистотата и правнука на Јупитер.[6] Одобрено е од МАС на 3 октомври 2018 г.[7]