Општина Орашац

За истоименото село, видете Орашац.
Општина Орашац
денес дел од Општина Куманово


Општи податоци
Седиште Орашац
Регион Североисточен Регион
Основана 1913, 1996-2004
Службен јазик македонски
Демографија
Население 1.252[1] жит.
Населени места
Народности Македонци
Самоуправа
Контактни податоци

Општина Орашац (или Општина Орашец) — поранешна општина во Североисточна Македонија. Оваа општина била создадена во 1996 година,[2] а укината согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена со Општина Куманово. Седиште на општината било селото Орашац.[2]

Населени места

Во Општина Орашац спаѓале следниве села: Габреш, Градиште, Живиње, К’шање, Кокошиње, Колицко, Кутлибег, Кучкарево, Новосељане, Орашац, Пезово и Скачковце.

Население

Според последниот попис од 2002 година, општината Орашац брои 1.252 жители, од кои:[1]

националност број
Македонци 1.238
Турци 1
Срби 13

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 февруари 2015.
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, Службен весник на Република Македонија бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya