Кристина Николовска
Кристина Николовска — македонски поет, критичар, есеист и научен работник, универзитетски професор, теоретичар на литературата, литературен критичар, есеист, антологичар, експерт за креативна култура во односи со јавноста, менаџер на кампањи..[1] Автор е на книги: поезија, теорија на литературата, литературна критика, есеистика, толкувања, беседи, монографии и филозофски разговори. Приредувач е на избори поезија и на антологии. Николовска е посветен афирматор на современата македонска литература и активен промотор со оригинални и незаборавни ораторски настапи пред публика. ЖивотописКристина е родена на 17 мај 1969 година во Скопје, каде што дипломирала, магистрирала и докторирала Филолошки факултет во Скопје, „Блаже Конески“ каде што и работи како редовен професор. Од учебната 2017/2018 проф. д-р Кристина Николовска е акутелен раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Николовска е редовен професор по Теорија на литературата, а ги предава и предметите: Реторика и стилистика, Семиологија и херменевтика, Реторика во односи со јавност, Семиологија во односи со јавноста, и Метафорика. Ги предавала и предметите: Основни теориски поими, Теорија на жанри, Методологија на книжевно¬теориските поими и други. На постдипломските студии по македонска книжевност предава: Теорија на литература, Метафорика, Херменевтика, Ars poetica херменевтика. На докторските студии по Македонска книжевност предава: Теорија на литература, Креативна: реторика, стилистика, херменевтика, семиологија. На докторските студии за културологија предава: Креативна култура во односи со јавност (реторика, стилистика, херменевтика, семиологија). На „Семинарот за македонски јазик, литература и култура“ во Охрид повеќе години предава курс по македонска литература (2002¬2005, 2013, 2019, 2020) и курс по творечко пишување (2014). Повеќе години, сè до денес, застапена е како предавач на Семинарот. Била визитинг¬професор во Брисел (Белгија, 2004) и во Марибор (Словенија, 2005). Предавала и на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2009–2010). Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1992, каде што од 2004 до 2006 била секретар за меѓународна соработка. Од 2014 е член на Претседателството на ДПМ. Од 2018 до 2021 е секретар за меѓународна соработка на ДПМ и член на Претседателството на ДПМ. Автор е на ТВ серијалот „Разговорница“ (2007), циклус од шест тв-емисии филозофски разговори со врвни македонски уметници. Од 2009 година Николовска е Шеф на кампањата на акцијата за пошумување: Ден на дрвото – засади ја својата иднина! Од 2018 година е член на Организацискиот одбор на меѓународната литературна манифестација „Рацинови средби“ во Велес. Книжевни делаПоетски збирки
Теорија на литература
Литература и книжевна критика
Филозофски разговориХаризма – Скопје, „Зојдер“, 2006 Разговорница – Скопје, „Силсонс“, 2014 Монографии
Тематски избори
Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia