Мирои Орници

Мирои Орници

Карта

Местоположба 40°58′59″N 21°21′0″E / 40.98306°N 21.35000°E / 40.98306; 21.35000
Основни податоци
Место Крстоар
Општина Битола
Тип

 базилика


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Мирои Орнициархеолошко наоѓалиште во битолското село Крстоар. Претставува базилика од старохристијанско време . Се наоѓа на околу 300 м северозападно од Крстоарскиот манастир, каде војската при копање на ровови во 1954 година открила објект со мозаичен под. Објектот бил ѕидан од камен и варов малтер. Денес по површината на просторот има фрагменти од покривни ќерамиди, тули и друг градежен материјал, а зачуван е и еден довратник од мермер. Според исказите на жителите, одовде потекнува камената пластика (делови од мермерен саркофаг, мермерен столб и др.) што се наоѓа кај манастирот.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya