Злокуќани (Битолско)
Злокуќани — раселено село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено во пазувите на Баба Планина, со највисокиот врв Пелистер. Географија и местоположбаСелото се наоѓа под пазувите на Баба планина, југозападно од Битола. ИсторијаВо XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злокуќани живееле 500 жители, сите Албанци.[3] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во селото имало 394 жители, кои тој ги запишува како Турци.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5] Селото броело 23 жители во 1961 година, додека во 1994 година има само 20-тина жители. Според пописот од 2002 година, во селото Злокуќани немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЗлокуќани било албанско село. Родови во селото биле: Љаме (3 куќи), Цаме (7 куќи), Кече (5 куќи), Пале (3 куќи) и Астафе (1 куќа) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија (областа Мат). Во родот Љаме се знае следното родословие: Рамадан (жив на 50 г. во 1950-тите) Шабан-Камбер-Селман-Алија-Ислам, предокот кој се доселил. Во родот Цаме се знае следното родословие: Елмаз (жив на 56 г. во 1950-тите) Фазли-Сали-Адем-Фазли-Цаме, предокот кој се доселил.[11] Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 157 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоГолем број на населението од Злокуќани се има иселено во Битола (во населбата Кленовец) и во Турција (во разни села и градови).[11] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia