Драгожани е македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Селото потекнува од првата половина на XIX век.
Родови во Драгожани се:
Доселеници:Марковци (4 к.), доселени се од Дебарско, го знаат следното родословие: Фидан (жив на 20 г. во 1951 година) Пере-Толе-Трајче-Марко кој се доселил во селото; Димовци (9 к.), доселени се од Охридско, овде живеат од кога и Марковци; Ќепенковци (8 к.), доселени се кога и претходните родови од прилепското село Чепигово; Љаковци (3 к.), стари деленици се од Ќепенковци; Домазетовци (9 к.), доселени се од Крушево или Крушевско кога и претходните родови; Бујуковци (2 к.), доселени се однекаде, овде живеат од втората половина на XIX век; Каровци (12 к.), потекнуваат од браќата Митре и Аце, доселени се кога и Бујуковци од селото Беранци; Колтовци (2 к.), доселени се на крајот од XIX век од селото Базерник во Железник; Трајковци (4 к.), Лазаровци (2 к.) и Најдановци (1 к.), најмлади родови во селото доселени се 1905 година од раселеното село Кочишта.[13]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.