Старо Село (Жабени)

Старо Село

Карта

Местоположба 40°57′59″N 21°22′0″E / 40.96639°N 21.36667°E / 40.96639; 21.36667
Основни податоци
Место Жабени
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Старо Селоархеолошко наоѓалиште во битолското село Жабени. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, веднаш покрај патот Битола-Лерин, од неговата источна страна, каде во рамнината се издига тумба со неправилна кружна основа од 200 × 220 метри. Со земјоделските работи горните слоеви се испревртени така што на површината се среќава множество фрагменти од керамички садови и куќен лепеж.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya