Тумба (Карамани)
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Карамани. Претставува населба од неолитско, бакарно и бронзено време . Се наоѓа на околу 1,5 км источно од селото и на околу 2 км јужно од селото Трн, покрај десниот брег на реката Драгор. Во основата има пречник од околу 250 м и зачувана височина од 6 м. Тумбата е делумно оштетена уште во Првата светска војна со копање на војнички ровови и бункери. Во археолошката литература е позната од 1938 година со рекогносцирањата што ги извршил W. A. Heurtley[1]. По површината на тумбата се среќаваат множество фрагменти од керамички садови и орудија од камен и кремен. Во текот на 1974 година се извршени археолошки ископувања при што е пронајдена повеќеслојна стратиграфија со 4 хоризонти на живеење, од кои два неолитски и по еден од бакарното и ранобронзеното време. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[2] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia