Раштани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Поради близината до својот град, се смета и за негово предградие.
Географија и местоположба
Раштани — село во составот на Општина Битола, односно во средишниот дел на областа Пелагонија, на 4 километри оддалеченост од градот. Поради својата близина со Битола селото припаѓа во нејзината рурбална зона. Раштани е ридско село, расположено на надморска височина од 780 метри и се наоѓа на левата страна на ограничниот пат кој ја поврзува Битола со Охрид и Ресен (западно) и Прилеп (северно). Атарот зафаќа површина од 5 км2.
Раштани има изразито полјоделско - сточарска функција. Обработливото земјиште зафаќа 142 ха од селскиот атар, а на пасиштата отпаѓаат 314 хектари. Од полјоделските култури застапени се житото (пченицата и јачменот), шеќерната репка (сè повеќе се намалува застапеноста во последниве години) и индустриски култури, а од сточарството се одгледува крупна стока.
Староседелци: Павлевци (13 куќи) и Стамболџиовци (11 куќи), потекнуваат од браќата Павле и Костадин, Костадин одел на гурбет во Стамбол и по тоа го добиле името. Во родот Павлевци се знае следното родословие: Ѓорги (жив во 50-тите на 70 години) Коле-Божин-Атанас-Павле, основачот на родот;
Доселеници:Комарчевци (2 куќи) потекнуваат од предок кој се доселил од Дебарско.[13]
Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни,кој го посетуват голем број на граѓани од цела Битола.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.