Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 7,4 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 106 хектари, на пасиштата отпаѓаат 229 хектари, а на шумите 224 хектари.[2]
До селото води макадамски пат, кој се двои од локалниот пат кој води до селото Томино Село.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.[3]
Во XIX век, Сушица било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Родови во селото се: Ковачевци (6 к.), Атулевци (13 к.) и Ѓорговци (6 к.), сите потекнуваат од ист предок и доселени се од раселениот град Закамен.[13]
Самоуправа и политика
Главната селска црква „Св. Никола“
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Зркле се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 19,019,1. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)