Шармери од осмо

Шармери од осмо
АвторВелко Неделковски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман за деца
Медиумпечатено издание

Шармери од осмо — роман на македонскиот писател Велко Неделковски.

Содржина

Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.

Романот авторот го посветува на саканиот внук Филип Неделковски, среќно да расте, бујно да мечтае и страсно да спортува. Романот ја следи приказната на осмоодделенците во основното училиште „Септември“,кои детските закачки ги надминуваат со тоа што формираат заеднички фудбалерски тим „Шармери“, кој се бори за титула и освојување на пехар. Во позадина на приказната се следи и приказната на Златко Самоилов и неговиот татко, училишниот педагог, Златан Самоилов, вдовец вљубен во својата колешка Розет(к)а. Спротивставувањето на синот, кој сака да го зачува споменот на мајка си, го двоуми искусниот педагог кој е свесен за чувствата на синот. Исто така, се следат и љубовните приказни на неколку од фудбалерите ученици, кои авторот ги прикажува со леснотија и свежина. Шармерите и покрај својата спортска борбеност, не успеваат да го освојат пехарот, но нивната игра и другарство остануваат во сеќавањето на директорот на училиштето, Бојан Милјановски, кој, како што ветил, ја закачува сликата на тимот на златната генерација во својата канцеларија. Во романот, авторот со вештина на искусен познавач на детската психологија ги опишува своите ликови, користејќи жаргон и разговорност во раскажувањето. ref>Велко Неделковски, Шармери од осмо, Скопје, Арс Ламина, публикации Либи , 2019 </ref>


Изданија

Наводи

  1. Велко Неделковски, Шармери од осмо, Скопје, Арс ламина, 2019

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya