Докурчев бил горноџумајски околиски војвода во 1901 година. Учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од кукушкото село Мурилово. Исто така, учествувал во аферата Мис Стон.[3]
За време на Илинденското востание бил војвода на првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон и на 2-ри спроти 3-ти август, активно учествувал во ослободувањето на Крушево. Во таа прилика тој раководел со 14 востаници од Крушево и со 52-ца востаници од село Крушеани и Света, особено при завземањето на турскиот уќумат, поштенско-телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево.[3]
Од следната 1906 година бил нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Загинал на 10/11 октомври 1907 година во месноста Бел камен во близина на селото Будинарци, Малешевско.[4][5] Убиен е од заседа од страна на врховистите. Убиството го извршил арамијата Грушир по заповед на врховистите од Софија.[6]
↑ 3,03,13,23,3д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 158–159. ISBN9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 50-51.
↑Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 282.
↑Динев, Ангел (1987). Илинденска епопеја II. Скопје: Мисла. стр. 294.