Никола Зографов

Никола Зографов
Роден 1869
Ораовец, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починал 25 ноември 1931
Софија, Царство Бугарија

Никола Зографов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Никола Зографов е роден во 1869 година во велешкото село Ораовец, тогаш во Отоманското Царство. По професија бил часовникар. Заедно со Тодор Ецов собирале фолклорни материјали од Велешко, Штип и Кочани, кои ги издале во Софија, под називот „Збирка за народни умотворенија„.

Во 1894 година, тој се вклучил во револуционерен кружок во Велес, при шти го снабдувал со оружје и книжевност. Подоцна истата година, се населил во Ќустендил, Бугарија, каде што во 1895 година, бил назначен од Гоце Делчев за пунктовен началник и раководител на Организацијата во градот. Кон крајот на годината во декември, тој бил делегат од Ќустендилското македонско друштво на Вториот конгрес на Македонската организација.

Во 1896 година учествува во основањето и претседава so тајниот македонски револуционерен комитет "Труд" во Ќустендил. Улњствува во создавањето на Саблерската бомболераница (фабрика) на Осоговските Планини во 1897 година. Во истата година Никола Зографов раководи со Комитетот за помош на бегалците од Виничката афера, подоцна е избран за постојан претседател на македонското друштво во Ќустендил, а истовремено зема учество во конгреси на Македонската организација.

Во 1901 година поради здравствени причини е ослободен од функцијата пунктовен началник, но не прекинува да го помага македонското револуционерното движење. Истата година издава "Неколку зборови за борбите во Македонско-одринското организација" [1].

Во Првата балканска војна учествува во Прва ополченска дружина, но во 1915 година го губи целосно видот како последица на хронична болест. Во 1927 година ја издава последна книга "Изградба на животот. Едно објаснување на прашањата: 1. Како се создаде погромот на Бугарија. 2. Зошто не може да биде извојуваа автономијата на Македонија и Одринско ", а на 25 ноември 1931 година умира во Софија. Архиви му се чуваат во НБКМ-БИА [2]. Негов внук е бугарскиот диригент Добрин Петков.

Извори

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 61.
  2. „Фонд № 23; 4 арх. ед., 234 док., 424 л., 1895... 1906 г. — Никола Петров Зографов (Зографски) (Мерун, Мерсин, Източник))“. Архивирано од изворникот на 2010-02-20. Посетено на 2012-02-08.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya