Крсто бил револуционер ѝ соработник на Гоце Делчев. На 25 годишна возраст, станал местен војвода на чета од 20 до 30 комити.[3] Тој е дел од Струмичката афера (1901 година), во која добил наредба да го ликвидира Георги Ѓозев, кој отворено насекаде зборувал за извршените убиства од организацијата врз 5-мина Албанци од Ново Село.[4] Со, крајот на Аферата Мис Стон (1902 година) и зачестените борби помеѓу врховистите и централистите, Крсто заедно со Андреј Докурчев и Велко (од Ново Село), биле придружба на Гоце Делчев и Иван Манолев, кои ги пренеле преку Дабиље, Куклиш до Костурино. По крвавата битка помеѓу четите на Андон Ќосето и турскиот аскер одиграна на Митровден (8 февруари 1902 година), во селото Бориево, четата на Крсто Георгиев се споила со четата на Ќосето и заедно успеале да ги одминат сите потери кои биле пратени по нив. По овој настан сите околни села биле изложени на терор и репресалии од турскиот аскер.[5]
Поради учество во Илинденското востание, одлежал затвор од шест месеци. По амнестирањето се вратил во својот роден крај. Во 1905 година неговите четници и оние на Лука Иванов, пристигнале во селото Куклиш со 40 товари оружје и муниција со цел да ги пренесат во јужна и централна Македонија (Гевгелиско и планината Кожуф). Но, кај селата Куклиш, на 4 февруари,[2] 1905 година биле пресретнати од Турците, по што била започната битка, во која настрадале мештаните, но и нивните куќи и добиток.[3]
Бил ранет кај село Корино (декември, 1905 година). Се засолнил во селото Моноспитово, каде бил повторно опколен ѝ немајќи излез се самоубил.[2]
Наводи
↑Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 66. ISBN9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
↑ 3,03,1д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 125. ISBN9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
↑Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет