Средношколци му го честитат на Коце Ципушев враќањето во Македонија во 1941 година.
Животопис
Коце Ципушев е роден во Радовиш во 1877 година. Завршил прогимназија во родниот град, потоа во 1895 г. го продолжил своето образование во Солунската машка гимназија во Солун. Во Солун станал член на тајниот ученички кружок, кој претставувал помошна единица на ВМОРО под раководството на Даме Груев. Ја завршил гимназијата во 1899 година. Се жени за сестрата на Тодор Александров.
За време на 1899 година се запишува во Софискиот универзитет во Софија, како студент по хемија. Од 1900 до 1902 година го продолжил образованието во Женева, каде студирал заедно со Симеон Радев. По завршувањето на студиите се вратил како учител во родниот крај, каде ја продолжил револуционерната дејност, станувајќи раководител на револуционерниот комитет во Кочани. Во почетокот на 1903 година заминува за Костур. Уапсен е од властите и лежи во Битола до април 1904 година. Во март 1906 година властите повторно го затвораат за четири месеца во Куршумли ан во Скопје.
Во 1913 година по Втора балканска војна е принуден да се пресели во Софија. Од 1914 година е претседател на Окружната постојана комисија на ново-ослободениот Струмички Округ. Раководи со револуционерниот пункт во Струмица според директивите на Тодор Александров. По Валандовската акција во 1915 година е викнат лично за објаснување од премиерот Васил Радославов.[7]
По завршувањето на Првата светска војна на 6 ноември 1918 г. е уапсен од англиските окупациски војски, предаден е на српските власти, кои по измачување го осудуваат на смрт, заменето подоцна со 20-годишна пресуда. Излегува од затворот во 1937 година.
Во 1943 година во Софија ги објавил своите сеќавања, под насловот „19 години во српските затвори. Спомени“. Предговорот кон изданието е напишан од Симеон Радев. Книгата подоцна е систематски уништувана од комунистичките власти. Се враќа во Македонија по припојувањето кон Бугарија во 1941 г. Од 1944 г. е принуден да се врати повторно во Софија, каде починува на 11 јануари 1968 година.[8]
Неговите сеќавања на македонски литературен јазик се издадени во Скопје во 2003 г. од бугароманот[9][10]Владимир Перев. Во 2006 година сеќавањата се преиздадени во Софија.
Наводи
↑Група автори (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава - ТОМ ВТОРИ. Скопје: Универзитет "Кирил и Методиј" - Факултет за филозофско историски науки. стр. 607. ISBN94971708-09 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
↑Група автори (Март, 1968). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945 - Книга I. Скопје: ИНИ - Институт за национална историја. стр. 427. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
↑Павловски, Јован (1979). Судењата како последен пораз. Тетово: Центар за информирање и издавачка дејност - Полог. стр. 32–33.
↑Динев, Ангел (1983). Одбрани Дела. Трета книга: Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура. стр. 303–305.
↑Група автори (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава - ТОМ ВТОРИ. Скопје: Универзитет "Кирил и Методиј" - Факултет за филозофско историски науки. стр. 408. ISBN94971708-09 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.183.