Димитар Гуштанов

Димитар Гуштанов
Роден 1876
Крушево, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починал 4 мај 1903
Баница, Солунски Вилает, Османлиска Империја

Димитар Атанасов Гуштанов (18764 мај 1903) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Роден е во Крушево, Валовишко (Демирхисарско), во патриотско учителско семејство. Учи во егзархиското класно училиште во Сер и во богословското училиште во Самоков. Некое време учителството во селото Старчишта, Неврокопско. Подоцна заминува за Лозана, Швајцарија, каде што во 1898 година завршува право.

Во 1898 година е учител во градот Кочани. Во 1899 година е назначен од Бугарската егзархија за главен учител на егзархиското класно училиште во Петрич. На таа должност останал до 1900 година. Уште во 1899 година се приклучува на ВМОРО и е избран за околиски раководител во градот. Под негово раководство во голем број села во Петричко се создадават комитети на организацијата.

Во 1902 е назначен за директор на Серско педагошко училиште, но поради прогонот на османските власти, во септември преминува во илегала и се присоединува кон четата на Михаил Чаков. Станува нелегален член на Серскиот револуционерен комитет и од Гоце Делчев е поставен за инспектор на четите на ВМОРО во Серскиот револуционерен округ, а од февруари 1903 година е драмски војвода. Во март 1903 година учествува во извршувањето на атентатот на тунелот и мостот на реката Драматица, на железничката линија Солун - Цариград.

Гуштанов загинува заедно со Гоце Делчев во борба со турските аскер во селото Баница, Серско. Во Битката загинале и неговите четници Евстати Арнаутчето, Стефчо од Трлис и Конзулот од Волак, а Георги Савеклијата е тешко повреден и уапсен од Турците . Гоце Делчев и Димитар Гуштанов се закопани во заедничка гробница.

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya