Роден е во 1879 година во селото Могила (Битолско), од каде го добива и својот прекар Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. По завршувањето на основното училиште Димко Сарванов, станува член на ВМОРО и активно се вклучува во борбата за ослободување на Македонија и македонскиот народ од неподносливата положба во Отоманското Царство. Набрзо влегува во четата на Ѓорѓи Сугарев со која дејствува во битолскиот крај и Мариово. За време на Илинденското востание дејствува во реоните на Пелистер и Преспа. Во 1904 година станува војвода на самостојна чета. На 4 јануари1908 година, со својата чета паѓа во заседа на турскиот аскер во селото Ношпал (Битолско), каде што се самоубива за да не падне жив во рацете на турскиот аскер.[3][4] По потекло Димко бил од селото Ношпал, Битолско.
Народно творештво
Особено се истакнува по својата храброст и јунаштво во борбата со турските даночници - арачлии како Селим и Шефкија, поради што Димче Могилче станува омилен херој на народот опеан во повеќе народни песни со комитска тематика од битолскиот крај. Меѓу народните песни за Димче Могилче од кои има повеќе разни верзии најпозната е песната Абер ми иди од Могила.
Абер ми иди од Могила
Абер ми иди од Могила е македонска народна песна во која се пее за подвигот на Димче Могилче по убиството на турскиот арачлија Шефкија, за што дознал и битолскиот валија Селим ефенди, кој се решил да се пресмета со Димче Могилче и комитите од Могила. Постојат неколку различни верзии на песната, чија разлика се состои единствено во некој од зборовите.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 49.