Георги Казепов

Георги Казепов
Роден 21 февруари 1880
Калиманци, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починал 23 септември 1923
Пиперица, Царство Бугарија

Георги Казепов или Ѓорѓи Казапов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и мелнички воjвода на Македонската револуционерна организација [1].

Животопис

Казепов e роден на 21 февруари 1880 година, во село Калиманци, Мелничко, под името Георги Ангелов Стојанов. Завршил педагошко училиште во Сер во 1900 г., кога и станал член на ТМОРО.

Од 1900 до 1903 година бил учител во Марикостиново, Белово и Черешница, а во 1903 година во Мелник. За време на Илинденското востание се борел во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата. По востанието бил уапсен, но успеал да избега и да се приклучи во четата на Сандански како нелегален член. Тогаш го сменил презимето до тоа на убиениот војвода Андреј Кезепов.

Во наредната 1905 година бил избран за секретар на околното раководство на ТМОРО во Мелник. Под негово раководство се дал голем отпор на грчките андартски чети во регионот.

Од тогаш бил војвода на самостојна чета, а на конгресот на Серскиот револуционерен округ (1907) бил вклучен е во Окружниот револуционерен комитет.

Во 1908 година се легализирал и учествувал во создавањето на Народната федеративна партија. Учествувал во одредот на Јане Сандански, кој зел учество во симнувањето на султанот Абдул Хамид. Следната година, кога Младотурците сакале да го затворат Сандански, тој со својата чета го опколил Мелник и го ослободил.

Учествувал во Балканските војни, а после тоа станал книжар во Мелник.

Во 1920 година бил избран за градоначалник на градот. Во 1921 се преселил во Софија, а од 1922 година пак се вратил во Марикостиново. Бил убиен на 23 септември 1923 од страна на ВМРО (Автономистичка).

Наводи

Литература

  • Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995.
  • Енциклопедия България, Том 3, София, Издателство на БАН, 1982.
  • Макдермот, Мерсия. „За свобода и съвършенство - биография на Яне Сандански“, София, 1987, Наука и изкуство, стр. 176, 177
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya