Кожле
![]() Кожле — село во Општина Петровец, во областа Скопска Блатија, недалеку од градот Скопје. Географија и местоположбаОва село се наоѓа во областа Блатија, а на десниот брег на реката Пчиња, сместено на 35 километри од градот Скопје. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асфалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума и води право во селото. ИсторијаТврдината Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од селото и датира од средниот век. Во 1847 година изградена е црквата „Вознесение Христово“, каде што во дворот е погребан македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски, во чија чест во дворот на црквата секоја година се одржуваат поетски читања. Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. На 6 септември 2016 година во околу 17:40 часот се случила авионска несреќа кај селото Кожле, каде загинуваат сите 6 патници и членови на екипажот.[2] СтопанствоОд овој крај, освен руда имало и многу кварц, момирок и каолин, минерали од кои тогаш се правел познатиот порцелан од Кожле. Овие драгоцени минерали за време на војната на големо ги експолатирале Германците. Порцеланот од Кожле бил познат до Цариград и многу баран. Кожланскиот порцелан веќе не се прави. Луѓето се иселиле од селото да бараат работа во градовите. Население
Селото последните педесетина години е празно. На старите порти висат катанци. Само пет семејства денес живеат во селото, пензионери кои се вратиле тука од Скопје. Најстарите пишани записи за селото кажуваат дека овој крај бил сточарски, гусларски и рударски. Според кажувањата на 73-годишен жител кој заедно со сопругата по пензионирањето се вратиле на родното огниште, Кожле било село на четири попа и еден владика. Попови, Василевци, Бошковци, Марковци и Пселимовски се дел од семејствата кои некогаш го населувале Кожле. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 73 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 244 мажи христијани, со 16 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 520 жители.[3] Според податоците на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кожле живееле 585 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кожле живееле 344 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6] Од Кожле се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 196 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 13 жители. Според пописот од 2002 година, во селото Кожле живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин и 1 останат.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 1 Албанец и 4 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКожле e македонско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во Кожле се:
Општествени установи
Редовни настаниПорано во селото редовно се одржувала козлечка средба, но во 1999 е прекината таа традиција. ЛичностиРодени во Кожле
Починале во Кожле
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia