Горни Манастирец
Горни Манастирец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Потекло на иметоИмето на селото потекнува од манастирот кој се наоѓа над селото.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Порече, во северниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 30 километри.[3] Има голем атар, кој зафаќа површина од 18,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.270,3 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 188,3 хектари, а на пасиштата само 76,2 хектари.[3] Селото е сочинето од неколку маала: Старо Село, Ново Село, Мало Село и Василковци. ИсторијаВо XIX век, Горни Манастирец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство. На 6 јануари 1912 година (Бадник), бугарските војници извршиле колеж врз 103 жители од областа Порече, чии тела биле фрлени во месноста „Дервишка Нива“, поради што настанот е познат како Масакр кај Дервишка Нива. Подоцна, била изградена спомен-костурница под Поречкиот манастир. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоСелото има полјоделско-шумарска функција.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 410 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 480 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7] Селото е мало и во 1961 година броело 214 жители, додека во 1994 година се намалило на 21 жител, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Горни Манастирец имало 19 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГорни Манастирец е чисто македонско православно село. Селото се состои од четири маала: Старо Село, Ново Село, Мало и Василковци. Во селото има староседелски и доселенички родови. Родови во Старо Село се: Ѓурчевци (4 к.), Данковци (4 к.) и Милошевци (2 к.), се староседелски родови, Милошевци трипати се селеле во Модриште и се враќале назад. Родови во Ново Село се: Велковци (13 к.), Учумовци (5 к.), Митревци (10 к.), Бунташевци (6 к.) и Веселиновци (1 к.), се староседелци, порано живееле во маалото Старо Село. Учумовци и Велковци се еден род. Учумовци некое време живееле и во Драгов Дол. Митревци некое време живееле во Скопско и Тетовско; Чкорлевци (2 к.), доселени се од некое место во околината на Скадар. Во Мало се родовите: Кочовци (9 к.), Жежовци (4 к.) и Кокаревци (4 к.), се еден род и се староседелци, порано живееле во Старо Село; Петковци (8 к.) и Клишуровци (6 к.), потекнуваат од заеднички предок кој дошол како домазет однекаде. Во маалото Василковци е само родот: Василковци (8 к.), основачот на родот Василко дошол од Охридско, кај Кочовци и тука останал и се оженил и основал маало. Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Горни Манастирец се наоѓале селата Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец. Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0243 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[13] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia