Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.160 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот е заеднички со селото Долно Крушје, кој зафаќа површина од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.000,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 540,6 хектари, а на пасиштата 270,2 хектари.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат, кој води од рамничарското село Слатина.
Историја
Во XIX век, Горно Крушје било село во рамките на Поречката нахија во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Од Горно Крушје се иселил значителен дел од населението. Така, во 1961 година селото броело 382 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 66 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Крушје имало 44 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 3 Македонци и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Оштетен асфалтен пат кон селотоПоглед на главната селска црква „Св. Талалеј“
Горно Крушје е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Најпрво селото се наоѓало повисоко, па од таму се спуштиле родовите Тодевци и Главевци и го основале селото на денешното место.[13]
Родови во Горно Крушје се:
Доселеници:Џуаловци (17 к.), Огњановци (15 к.) и Главевци (5 к.) се еден род, цел род е доселен од некое место во Косово. За Огненовци и Џуаловци постои и второ предание, според кое се доселени од костурско во Егејска Македонија.[14] ; Тодевци (22 к.), доселени се од раселениот град Закамен во околината на Елбасан (како кажуваат жителите на овој род).
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Горно Крушје се наоѓале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 септември 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 20,020,120,220,320,420,5. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)