Селото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел од Општина Македонски Брод, чиј голем атар високо се издига на планината Даутица, каде што се допира со подрачјето на Општина Чашка.[2] Селото е ридско-планинско, на надморска височина од 850 метри.[2]
Атарот е мошне голем и зазема површина од 56,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.689 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.340 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 301 хектар.[2]
На исток, од долината на Беличка Река го одделува многу длабок и стрмен дол, на запад се издигнува рид, а кон југ и север е отворено кон закосен и порамен терен од подножјето на Даутица.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 60 семејства, 5 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]
Во XIX век, Црешнево било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски се наоѓало во Порече.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црешнао се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Црешнево во 1961 година имало 579 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 230 жители, од кои 228 биле Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Црешнево имало 169 жители, од кои 168 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 102 жители, од кои 100 Македонци и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Црешнево е македонско православно село, во селото има многу староседелски родови, како и нешто доселенички. Родови во Црешнево се: Душевци (10 к.), Ѓорговци (10 к.), Петковци (6 к.), Милошовци (5 к.), Савевци (5 к.), Сокревци (4 к.), Пурчевци (3 к.), Џаровци (5 к.), сите овие родови се староседелски; Десовци (7 к.), доселени се од селото Модриште, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од околината на Скадар; Ѓоревци (5 к.), доселени се од селото Блаце, Охридско (?); Џолевци (5 к.), доселени се од селото Горно Крушје, таму имаат роднини, подалечно потекло имаат од некое село во Косово и Поповци (3 к.), доселени се од селото Осој, Кичевско.[15]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец, Модриште и Црешнево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Црешнево се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица и Тажево.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 ноември 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 23,023,123,223,323,423,523,623,723,8. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)