Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, во средното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 13,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 918 хектари, на пасиштата отпаѓаат 321 хектар, а на обработливото земјиште 11 хектари.[2]
До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 23 семејства и 2 неженети, сите христијани.[3]
Во XIX век, Лупште било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Селаните главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и собирање на планински плодови. Селото е познато по костенот како плод, па на есен селото живнува затоа што сите се вратени со цел да собираат костени.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лобиште се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]
Селото во 1961 година било средно по големина со 327 жители, но во 1994 година преминало во мало со 90 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лупште имало 67 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 35 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото се: Мартиновци (43 к.), еден дел од родот се вика Секуловци, а другиот Пејовци. Доселени се од Меркулија, Прилепско, измеѓу Дебреште и Кошино; Богојевци (20 к.), по едно предание Богоја прв се доселил во селото од Прилепско, а по второто предание тој дошол од Прилепско како слуга кај Мартин (Мартиновци). Во Зркле тврдат дека сите родови во Лупште се доселени од Закамен.[15]
Самоуправа и политика
Традиционална архитектура во село Лупште
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Лупште се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Жителите коишто останале во селото се многу малку, речиси на прсти се бројат, но во последните години се забележува градење на викендици и активно посетување на селото за време на летниот период.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 октомври 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 21,021,121,221,3. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)