Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.160 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот е заеднички со селото Горно Крушје, кој зафаќа површина од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.000,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 540,6 хектари, а на пасиштата 270,2 хектари.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат, кој води од рамничарското село Слатина.
Историја
Во XIX век, Долно Крушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Долно Крушје е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, кои дошле од раселениот град Закамен.
Родови во селото Долно Крушје се:
Доселеници:Волкановци (6 к.), Таревци (6 к.) и Малчевци (10 к.). Во селото се овие три рода и сите се доселени од раселениот град Закамен во Охридско (според жителите на селото).[13]
Самоуправа и политика
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Долно Крушје се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 октомври 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 19,019,1. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)