Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 15,5 км2. На него шумите зафаќаат површина од 1.102 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на обработливото земјиште 185 хектари.[2]
Сместено е во источното подножје на планината Добра Вода.
Историја
Во XIX век, Тополница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тополница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Селото е населено со македонско население, но селото е мало. Тоа, во 1961 година имало 253 жители, а во 1994 година само 63 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Тополница имало 36 жители, од кои 33 Македонци и 3 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 24 Македонци и 1 Србин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Ролевци (16 к.) и Ангеловци (7 к.) се со исто потекло и слават Св. Мартинија(?!) и се доселени од некое место во Косово; Шашковци (10 к.) се доселиле од Охридско; Чукалевци (9 к.) (слават и Ѓурѓовден) се доселиле од областа Закамен во „Дебарско“ од каде побегнале од турски „зулум“ и најпрвин биле населени на Космата Глава, потоа во Дрење и на крајот во денешното место.[13]
Самоуправа и политика
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Тополница се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино и Томино Село.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 19,019,119,219,3. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)