Дреново (Порече)За други значења на поимот, погл. Дреново.
Дреново — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Порече, во најјужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 10 километри.[2] Атарот зафаќа површина од 14 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.146,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 124,8 хектари, а на обработливото земјиште 88,6 хектари.[2] Селото е поврзано со асфалтен пат од селото Сланско. ИсторијаСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 9 христијански и 1 муслиманско семејство, како и 1 неженет христијанин.[3] Во XIX век, Дреново било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4] СтопанствоСелото има мешовита земјоделска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дреново имало 220 жители, сите Албанци.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново се води како мешано македонско-албанско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 29 куќи.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7] Последните Албанци се иселиле од селото во 1950-тите години од минатиот век. Дреново е мало село, коешто во 1961 година броело 187 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 38 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Дреново имало 33 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 Албанец. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДреново е македонско село, а во минатото некое време било албанско.[13] Родови во селото се: Мишковци (6 к.), Василевци (3 к.), Петревци (3 к.), Шундовци (3 к.), Василковци (3 к.), Докузовци (3 к.), Најдовци (2 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Ѓермановци (2 к.), Палистрага (2 к.), Лешковци (1 к.), Аџијовци (1 к.) и Марковци (1 к.), сите наведени родови се доселени од соседното село Сланско; Шејтановци (3 к.), доселени се од селото Латово, таму имаат роднини, подалечно потекло имаат од Велешко. Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Дреново се наоѓале селата Брод, Девич, Грешница, Латово, Сланско, Суво Дол и Требино. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод. Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0228 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[14] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16] ЛичностиЛичности родени во Дреново:
Културни и природни знаменитости
ИселеништвоДо 1956 година албанското население се иселило од селото. Околу 35 семејства се иселиле во Турција, во Бурса и Адапазар. Само мал дел во Саждево, Житоше и Дебреште.[13] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia