Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри.[2]
Селото не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.[2]
До селото води асфалтиран пат од селото Самоков.
Историја
Во XIX век, Ковач било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Родови во Ковач се: Ушиновци се делат на Манчевци и Сердаровци (15 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија; Лукаровци (27 к.) потекнуваат од предок ковач доселен од раселениот град Закамен.[14]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Ковач се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Црква „Св. Варвара“ — еднокорабна гробишна црква градена е од кршен камен и глина, има делумно зачуван живопис, чии стилски крактеристики упатуваат на третата деценија на XVII в.[20]
Личности
Личности родени во Ковач:
Данило Тодороски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Александар Стојкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Билбил Цветаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Методија Гековски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Милан Миленкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Ило Миленкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Митре Карафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Крале Начески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Неделко Камбероски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Стојче Арсеноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Софронија Тодороски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Данило Тодороски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Томе Стојаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
Филип Силјаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 октомври 2017.
↑Податоците за населеното место Ковач, согласно важечката територијална организација од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Самоков.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Црква Свети Атанасиј во Ковач, Порече, Јубилеен зборник 25 години митрополит Тимотеј, Охрид 2006, 309-330
↑T. Смиљаниќ, Кичевија, Насеља и порекло становништва, СKA/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 328.
↑ 22,022,122,222,3. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Трифуноски, Јован (1958). О послератном насељавању становништва из НР Македоније у три банатска насеља, Јабука, Качарево и Глогоњ. Нови Сад: Матица Српска. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)