Комарјани
Комарјани или Комарјан (познато и како Кумарјани, Кумаре или Комарен; грчки: Κουμαριά, Кумарија; до 1927 г. Κουμάργιαννη, Кумарјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 274 жител (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Серското Поле, југозападно од Сер, на левиот брег на Струма, на надморска височина од 10 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Комарјани било село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Комарен (Komaren) имало 30 домаќинства и 102 жители Македонци.[4] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кумаре имало 360 жители Турци.[6] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 518 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле дури на 168 лица.[3] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција. На нивно место се населиле 104 бегалски семејства (вкупно 509 бегалци) од Источна Тракија, така што селото станало чиста бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Кумарија (Κουμαριά).[2] СтопанствоСелото е богато, бидејќи располага со мошне плодно земјиште кое исцело се наводнува, а поради климатските услови земјата дава по две до три високоприносни реколти. Населението произведува жито, фуражни и други земјоделски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1926 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 9,1 квадратни километри.[3] Општината Комарјани била приклучена во општината Киспикеси во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер. Селото припаѓа на општинската единица Киспикеси со седиште во истоименото селото, која припаѓа на поголемата општина Сер, во истоимениот округ. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Комарјани, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia