Горно Караџово
Горно Караџово или Големо Караџово (грчки: Μονοκκλησιά, Моноклисија; до 1926 г. Καρατζά Κιόι, Караѕа Ќој,[2]турски: Karacaköy, Караџаќој) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано во бројна полза на грчките доселеници.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во средиштето на Серското Поле, на левиот брег на Струма. Лежи 25 км западно од градот Сер и 1 км јужно од Ениќој. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Горно Караџово било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Караџа (Golémo-Karadja) било село со 56 домаќинства на 150 жители Македонци и 12 муслимани.[4][5] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно Караџово живееле 480 души Македонци христијани.[4][6] По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Караџово имало 480 Македонци егзархисти и во селото имало бугарско основно училиште.[8] Во 1910 г. егзархискиот училиштен инспектор Константин Георгиев забележал дека во Горно Карадџово црквата и училуштето биле во еден ист двор, а учител бил К. Румчев со 42 ученици (30 машки и 12 женски).[9] Егзархизмот во селото бил трн во окото на гркоманските андарти. На 25 октомври 1906 г. гркоманскиот капетан Димитар Гоголаков извршил масакр и палежи во селото, убивајќи 17 жители и ранувајќи 8. Истиот ден во околината на селото биле убиени десетина овчари во жесток напад со ладно оружје. Злосторството на андартите предизвикало реакции во некои европски престолнини.[10][11] Истрагата на властите покажала дека во подготовката на нападот учествувале грчкиот конзул во Сер и митрополитот Хрисостом Драмски.[12] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 312 жители.[3] За време на Првата светска војна на 2 октомври 1916 г. близу селото се одиграла битка помеѓу бугарската и британската војска во која загинал истакнатиот бугарски поет Димчо Дебељанов. Во 1918 г., по повлекувањето на бугарската војска, грчката власт наметнала принудно иселување во Бугарија. Затоа, во 1920 г. во селото се попишани само 87 лица.[3] Власта во Горно Караџово доселила грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Моноклисија.[13] На пописот од 1928 г. Горно Караџово броело 427 жители,[3] од кои 346 лица (79 семејства) биле грчки дојденци.[14] Во 1955 г. е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.[15] Личности
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia