Староседелци:Гушевци (5 куќи), Калајџиовци (2 куќи) и Димчевци (2 куќи)
Доселеници:Сиљановци (8 куќи) доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско; Драгарци (4 куќи) доселени се од селото Драгарино; Шалевци (5 куќи) доселени се од соседното село Габаловци, и таму се доселени однекаде; Стојановци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од раселеното село Кочишта; Штерјовци (1 куќа) доселени се од селото Лисолај; Трајковци (1 куќа) доселени се од некое прилепско село; Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта; Чагорци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Чагор.[13]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“