Селото се наоѓа во областа Торбешија, во Таорската Клисура, на десниот брег на реката Вардар, на околу десетина километри од општинското средиште Зелениково и на 35 километри јужно од градот Скопје.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 28 семејства и 5 вдовици, сите христијани.[2]
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 15 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 28 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 62 жители.[3]Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 158 жители.[4]
Смесица е албанско село. Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
Доселеници:Ајдалар (4 к.) по потекло се од фисот Тсач во северна Албанија. Се сметаат за први селски доселеници. За нив се вели дека потекнуваат од двајца браќа и доселени се како католици. Браќата се викале Дуѓан и Хода. Од едниот од синовите бил Ајдар по кого е наречен родот. Го знаат следното родословие. Рустем (жив на 56 год. во 1950 година) Елмаз-Бектеш-Реџеп-Емин-Ајдар; Љатифлар (4 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Овде се доселиле по родот Ајдалар; Ценалар (5 к.) точно потеклото не го знаат (веројатно од северна Албанија). Во Смесица доселени се по претходните родови; Браималар (4 к.) и Браималар (1 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија; Потурци (7 к.) овој род има торбешко потекло. Доселени од некое торбешко село во оваа област (Торбешија).[15]
Иселеништво
Албански иселеници од селото до 1951 година има во Скопје, Велес и во Турција (6 семејства).[15]
↑Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.497
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 15,015,1. Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)