Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 16 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.[2]
Вражале е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Доселеници:Бакијалар (19 к.) по потекло се од фисот Шаља во северна Албанија (од околината на Скадар) Овде се доселиле кон крајот на 18 век. Се знае следното родословие. Алим (жив на 34 год. во 1951 година) Шефик-Максут-Асан-Баки-Јусуф, кој се доселил; Сефалар (6 к.), Касамлар (4 к.) и Шабанлар (5 к.) порано биле еден род со родот Бакијалар, но се одродиле; Љамалар (13 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Алим (жив на 38 год. во 1951 година) Шабан-Амет-Рустем-Шабан-Исљам, кој се доселил во селото; Уталар (17 к.) потекнуваат од северна Албанија. Основачот на родот се викал Даут. Овде живеат од кога и претходните родови, од крајот на 18 век; Вогљалар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде се доселиле кон средината на 19 век. Го знаат следното родословие. Иљаз (жив на 48 год. во 1951 година) Пајазит-Иљаз-Јусуф, кој се доселил во селото; Зималар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од средината на 19 век. Основачот на родот бил Ќазим, кој бил брат на Јусуф, основачот на родот Вогљалар; Шаиналар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Џине (5 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде се доселени од селото Тисовица, каде имаат истоимени роднини.[13]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Албански иселеници до 1951 година од селото има во Скопје (20 семејства) и во Турција (2 семејства).[13]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 13,013,1. Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)