Селото е сместено во областа Торбешија, на десниот брег на Вардар и над Таорската Клисура. Пределот е рамничарски, со надморска височина од 340 м, а атарот зафаќа површина од 4 км2.[2]
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, заведено под името Стракабче, со 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 22 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 52 жители.[3]
Интересен е податокот што пописот од 1953 година вели дека селото се состоело од 243 Турци, 6 Роми и 2 останати. Во текот на 1950-тите бројот на Турци се преполовил, а другата половина жители станале Албанци. На пописот од 1971 г. имало 200 жители, од кои 197 биле Турци (Торбеши), а само 2 Албанци. Во текот на наредните години, бројот на изјаснетите Турци опаднал на 49, а останатите 176 се изјасниле како Албанци.[10] Оттогаш натаму не е попишан ниеден Турчин, туку само Албанци и неколкумина останати.
Според пописот од 2002 година, во селото Страхојадица живееле 268 жители, од кои 267 Албанци и 1 Македонец. Следува табела на националната структура на населението во 2002 г.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 735 жители, од кои 281 Македонец, 225 Албанци, 1 Турчин, 2 Срби, 182 Бошњаци, 1 останат и 43 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Страхојадица е мешано село, но според истражувањата од 1950 година селото било чисто албанско. Родови во селото:
Доселеници:Селимлар (9 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Се сметаат како први селски доселеници. Овде се доселени од селото Гумалево, каде имаат роднини наречени Исалар; Раманлар или Мезин (9 к.) потекнуваат од областа Малесија во северна Албанија. Припаѓале на фисот Круја Зи. Од таму се иселиле кон крајот на 18 век двајца браќа, Раман Ага и уште еден со непознато име. Раман се населил најпрво во селото Зелениково, а од таму преминал во селото Гумалево. Во овој род се знае следното родословие. Али (жив на 74 год. во 1950 година) Шаќир-Алија-Дурмиш-Раман, кој се доселил од северна Албанија; Кравалар (7 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од таму најпрво се населиле во селото Гумалево, каде имаат роднини (Пилелер), а потоа прешле во селото Страхојадица.[17]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 17,017,1. Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)