Пакошево
Пакошево — село во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје. ![]() Географија и местоположбаСелото Пакошево, се наоѓа во најјугоисточниот дел на Скопската Котлина веднаш на левиот брег на реката Вардар на влезот од Таорската клисура, на само два километри од општинскиот центар Зелениково, на еден километар од железничката станица Зелениково и 22 километри од Скопје. Пакошево е расположено на 319 метри надморска височина[2]. ИсторијаПотеклото на името најверојатно доаѓа и асоцира од македонскиот (словенскиот) збор пакост (нешто лошо, злонамерно), но тоа сѐ уште не е јасно проучено. Македонскиот истражувач Апостол Поп Јовановски во својата книга „Македонски народни легенди“ ја забележал следната народна легенда за потеклото на името на селото Пакошево: во дамнешни времиња ќерката на Цар Самуил одела за Скопје и минувајќи низ овој предел и се скршило тркалото на кочијата. Чекајќи долго време да дојдат мајстори-колари да извршат поправка, поради пакоста што и се случила таа местото го нарекла пакосно, пакошево место[3]. Пакошевската Карпа или Градиште на која денес стои крст е тесно карпесто возвишение кое е е подесено за одбрана, ана неговиот врв се наоѓаат камења, песок и вар од некогашните ѕидови, меѓу народот постои верување дека на просторот помеѓу таа месност и месноста Заградиште постоел манастирот Свети Ѓорѓија, чии ѕидини се познавале до пред еден век. Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Во првата половина на XIX век кај месноста Велкова Чешма постоела војничка кула изградена од Хамзи Паша од Скопје. Пакошево било чифчиско село на повеќе бегови, а на почетокот на XX век тоа било и раселено од неговите бегови[4]. СтопанствоОсновата на економијата во селото Пакошево е земјоделството и сточарството. Од земјоделието најмногу се одгледува пченица како и домат, зелен и црвен пипер од раноградинарските култури и помал дел на индустриско-фуражни култури. Како и во соседните села Зелениково и Таор, така и во Пакошево се одгледуваат кози, а отворена и млекарница и кланица за производство на козјо млеко, сирење и месо. Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Јакшевo и било христијанско, каде имало 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 93 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 196 жители.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пакошево живееле 90 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пакошево имало 32 Македонци, патријаршисти.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8] Според пописот од 2002 години селото Пакошево има 247 жители од кои 210 Македонци, 27 Роми и 10 Срби.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 243 жители, од кои 210 Македонци, 14 Роми, 3 Срби, 2 останати и 14 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПакошево е македонско село. како и со српско и ромско население Според истражувањата од 1951 година, родови во Пакошево се:
Општествени установиЦрквиСамоуправа и политикаКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia