Сложена согласка
Сложени согласки (коартикулирани согласки) се согласки што се создаваат на истовремени места на творба. Може да се поделат на две класи: двојнотворбени со две главни места на творба со ист начин (двете избувни, двете носни и сл.), и согласки со споредна творба, каде втората творба не се создава на ист начин. Пример за двојнотворбена согласка е безвучната усненозаднонепчена избувна согласка [k͡p], што се изговара едновремено кај мекото непце (a [k]) и кај усните (a [p]). Од друга страна, безвучната лабијализирана задновенечна избувна согласка {{МФА|[kʷ]} има само едечна творба - заднонепченото [k], со истовремено приближновидно заоблување на усните. Со исклучок на чкрапавите согласки, сите двојнотворбени согласки се усненозаднонепчени. Меѓутоа, постои голем број на чести споредни творби. Најзастапена е лабијализацијата (како [kʷ]), палатализацијата (како руската мека согласка [pʲ]), веларизација (како македонското „темно“ л [lˠ]) и фарингализација (како арапската емфатична согласка [tˤ]). Како што се очекува од приближновидниот карактер на споредната творба, не е секогаш лесно да се одреди дали една сложена приближна согласка како што е /w/ има двојна или единечна творба. На пример, во некои англиски дијалекти /w/ е лабијализиран заднонепчен глас што може да се претстави со [ɰʷ], но јапонскот глас /w/ е поблизок до вистинско усненозаднонепчено [ɰ͡β̞]. Вообичаено е буквата ⟨w⟩ да се ограничи само на првиот случај. гласилката ја контролира фонацијата и дејствува истовремено со многу согласки. Обично таа не се смета за творбеник - исфрленото [kʼ] со едновремено затворање на мекото непце и гласилката не се смета за сложена согласка. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia