Свиената едноударна согласка е вид на согласка во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи овој глас со симболот ⟨ɽ⟩, додека X-SAMPA го претставува со ⟨r`⟩.
Јазикот тода има свиена трепетна согласка што се претставува со истиот симбол на МФА.
Особености
Свиената едноударна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба на оваа согласка е едноударен, што значи дека се создава со едно стегање на мускулите, така што органот на творба (обично јазикот) се удира од друг.
- Местото на творба е свиено, што прототипно значи дека се создава со подјазично - со врвот на јазикот свиткан нагоре. Поопшто земено, гласот е задновенечен без да претрпи палатализација. Ова значи дека покра прототипната подјазична творба, јазичниот допир може да биде и врвен или рамен.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Јазици
Поврзано
Наводи
Bibliography
- Khatiwada, Rajesh (2009), „Nepali“, Journal of International Phonetic Association, 39 (3): 337–380
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|