Свиената приближна согласка (ретрофлексен апроксимант) е согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ɻ ⟩, а X-SAMPA користи r\`. Симболот на МФА е превртена буква r со надесно опавче што излегува од долниот десен дел на буквата.
Особености
Свиената приближна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
- Местото на творба е свиено, што прототипно значи дека се создава со подјазично - со врвот на јазикот свиткан нагоре. Поопшто земено, гласот е задновенечен без да претрпи палатализација. Ова значи дека покра прототипната подјазична творба, јазичниот допир може да биде и врвен или рамен.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Јазици
Оваа согласка се јавува во американскиот англиски („американско р“), мандаринскиот, паштунскиот, извесни јазици во Индија како тамилскиот и малајалскиот, како и неколку австралиски и јужноамерикански индијански јазици.
Поврзано
Наводи
Библиографија
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|