Мамудовци
Мамудовци (изворно: Ериновци) — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, недалеку од самиот град Кичево, во североисточна насока и може да се каже дека припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[2] Селото се наоѓа на 2,5 километри од градот Кичево од неговата североисточна страна. Куќите се подигнати на допирот на шумската падина на исток и котлината на запад. Најблиско село е Лазаровци.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Џолта Џона (Широка Солишта), Случ или Слог, Рибјак, Голема Меѓа, Даздарица, Зал и Огради.[3] Селото има многу збиен тип.[3] Историја![]() Селото е старо и првпат било забележано во историските извори, во втората половина на XV век под истото име, кога имало 23 словенско-христијански куќи.[3] Западно од селото во месноста Бара (каде има и извор) се познаваат остатоци од куќи. Тука се верува дека постоело поранешното македонско село, кое подоцна било раселено.[3] Близу Ериновци, крај патот за Кичево, има извор Бигор и до него е месноста Змео Дупка или Чука. Таму се наоѓаат и остатоци од гробишта.[3] Во XIX век, Ериновци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. Денешното село било основано во 1850 година од страна на Арнаутинот Мамуд од соседното село Црвивци. Тој дошол на повик од Македонците од селото Лазаровци со цел да ги заштитува,[3] за што тие му плаќале. При ослободувањето од отоманската власт во 1912 година, Арбанасите од ова село убиле 40 српски војници, поради што од одмазда било запалено и многу мажи биле стрелани.[3] За време на балистичката администрација во текот на Втората светска војна, селото започнало да се именува како Мамудовци, наместо словенското име Ериновци.[3] СтопанствоАтарот е мошне мал и зафаќа простор од само 3,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 131 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 102 хектари, а на пасиштата 65 хектари.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 40 жители, сите Албанци.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Албанци.[5] Мамудовци е мало село, но со пораст на своето население. Така, селото во 1961 година броело 250 жители, од кои 179 биле Албанци, а 21 жител Турчин, а во 1994 година 337 жители, албанско население.[2] Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Мамудовци, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1] Според пописот од 2002 година, во селото Мамудовци живееле 401 жител, од кои 400 Албанци и 1 Македонец.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 232 жители, од кои 228 Албанци и 4 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМамудовци е албанско село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Мамудоски (27 к.), потекнуваат од основачот на родот Мамуд. Го знаат следното родословие: Исмаил (жив на 56 г. во 1961 година) Мамуд-Исмаил-Мамуд, основачот на родот кој се доселил од селото Црвивци. Подалечно потекло од северна Албанија и Зенкоски (1 к.), доселени се од селото Србица, купувајќи ја куќата на едно семејство од селото, кое заминало во Турција. Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[12] Мамудовци (10 к.), доселени се од селото Црвивци. Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Кичево. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Мамудовци, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Ново Седо, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0754 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 357 гласачи.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 356 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
ИселеништвоОд селото немало многу иселување. Единствено си заминало турското население во Турција во периодот 1960-1970.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia