Карта на Општина Осломеј (2004-2013) со селските атари.
Општина Осломеј — поранешна општина во Западна Македонија. Седиште на општината било селото Осломеј. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Вранештица[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.
Значаен индустриско-стопански објект во општината бил ТЕЦ Осломеј. Населението воглавно се занимавало со трговија, сточарство и земјоделство.
Иселеништво
На добар дел од вкупното население на општината Општина Осломеј не им било место на постојано живеалиште. Албанското население најмногу се иселува во Швајцарија, Германија и Италија.[1]
Демографија
Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 10.425 жители со густина на население од 86,05 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
* Во општината имало значаен број Македонци-муслимани кои се изјасниле како Албанци поради различни политички причини.
Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Осломеј во 2011 паднал за 36.8% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Осломеј е прва општина по падот на вкупниот број на ученици.[3]
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:
Последен градоначалник на општина Осломеј бил Фатмир Дехари од редовите на ДУИ. Општината имала вкупно 15 советници кои го претставувале 17 села од општината.
Ибе Паликуќа - македонска партизанка, починала во Шутово.
Омер Калеши (р. 1932) - македонски и француски сликар, родум од Србица[7]
Фатмир Дехари (р. 17 септември 1974) - македонски политичар, заменик министер во МВР, заменик директор во ДБК. Последен градоначалник на општина Осломеј. Висок функционер на паравоената ОНА. Родум од Србица.[8]