Општина Зајас
![]() Општина Зајас — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Зајас. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 г., а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Осломеј, Другово и Вранештица[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013. Територијата на Општина Зајас е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово и Општина Кичево на југ, Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврови Анови и Општина Ростуша) на запад, Општина Гостивар (порано Општина Србиново и Општина Долна Бањица) на север и Општина Осломеј на исток. ГеографијаОпштина Зајас се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 161,08 км2. На север општината граничела со општините Маврово и Ростуше и Гостивар, на запад со Маврово и Ростуше, на исток со Осломеј, на југ со Кичево и на југозапад со Другово. Низ општината течела Зајаска Река, а поголеми планини биле Буковиќ и Бистра. ДемографијаСпоред пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 11.605 жители со густина на население од 72,04 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Зајас во 2011 паднал за 35.5% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Зајас е втора општина по падот на вкупниот број на ученици.[3] Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:
Религија на населението според пописот од 2002 година:
Администрација и политикаПоследен градоначалник на општина Зајас бил Бесим Велиу од редовите на ДУИ. Општината имала вкупно 15 советници кои го претставувале 13 села од општината. Во склоп на општина Зајас биле следниве села: Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Зајас, Колари, Колибари, Лешница, Мидинци, Речани и Тајмиште. ЕкономијаЗначаен индустриско-стопански објект во општината бил рудникот Тајмиште. Населението воглавно се занимавало со трговија, сточарство и земјоделство. ИселеништвоНа добар дел од вкупното население на општината Општина Зајас не им било место на постојано живеалиште. Албанското население најмногу се иселува во Швајцарија, Германија и Италија.[1] Општествени установи
Личности![]() Некои познати личности од општината се:
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia