Липош
Липош (грчки: Φιλήρα, Φιλύρα, Филира; до 1927 г. Λιπόσι, Липоси[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци.[2] ГеографијаСелото се наоѓало на јужните падини на Беласица, источно од Горно Порој. Било сместено над денешното село Неохори, под истоимениот врв Липош. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред османлиските дефтери на немуслиманското население од Тимурхисарскиот вилает за 1616–17 г. Липош имал 46 даночно обврзани домаќинства. Во 1625 г. истиот имал 35 такви домаќинства.[3] Во XIX век Липош бил село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Липош (Lipoche) било село со 30 домаќинства и 100 жители Македонци.[4][5] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Липош живееле 350 Македонци.[4][8] Ба почетокот на XX век жителите на Липош биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липош (Lipoche) имало 480 Македонци под патријаршијата и 90 власи.[4] Во селото имало грчко основно училиште со еден учител и 15 ученици.[9] Во 1906 г. селото имало 70 куќи.[10] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во октомври 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. Во Втората балканска војна на 9 јули 1913 г. во Липош влегла грчка војска. По војната селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Taa 1913 г. селото имало 456 жители.[2] Веднаш по Првата светска војна дел од населението пребегало во Пиринска Македонија поради репресалиите на грчката власт. Во 1923-1924 г. под жесток притисок Липош го напуштиле уште 80 лица (25 семејства).[2] Преселниците претежно се населиле во петричките села Димидово и Коларово. Во 1920-тите години власта довела грчки колонисти од Мала Азија кои станале мнозинство во селото. На пописот од 1928 г. Липош е претставено како мешано староседелско село со 144 грчки дојденци (39 семејства), а остатокот од македонски мештани.[11] Во 1940 г. Липош имал 400 жители, но следната 1941 г. населението се свело на 211 лица.[2] Селото се распаднало за време на Граѓанската војна кога власта го префрлила населението во Џума Маала. По војната државата го подигнала новото село Неохори за жителите на Липош и оние на Тодорич. Жителите ги задржале своите имоти во Липош и понатаму ги користат.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia