Селото лежи во северниот дел на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од 20,9 км2.[3]
Историја
Во римско и доцноантичко време во околината на Хаџи-Хамзали се наоѓала тврдината Исар, која го контролирала патот Стоби-Астибо-Пауталија.[4] Наоѓалиштето се наоѓа на истоимениот рид (наречен и Хисар), на околу 5,5 км југоисточно од селото.[5]
Во XIX век Хаџи-Хамзали било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство.[6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи-Хамзали (Hadži-Hamzali) како турско село.[7]
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
Турски родови
Доселеници:Басри (5 к.), Асанови (4 к.), Ибишови (2 к.) и Шабанови (1 к.) потомци на основачот на селото Аџи-Амзо; Асанови (2 к.) доселени се од селото Орта Маало; Бејтула (1 к.) доселени се во 1961 г. од селото Црешка.[13]
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
Исар — тврдина (кастел) од римско и доцноантичко време
↑Трифуноски, Јован; Нетков, Васил (1964) [1962-1963]. Денешни села и население во долниот слив на Брегалница. III. Штип: Зборник на Штипскиот народен музеј. стр. 44.