Лакавица (Штипско)За други истоимени места, погледајте Лакавица.
Лакавица — село во Општина Штип, во истоимената област, во околината на градот Штип. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во јужниот дел на Општина Штип, во долината на реката Крива Лакавица, од нејзината десна страна.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 17 километри.[2] Низ селото поминува регионалниот пат 1204 (Штип-Радовиш),[2] кој денес е заменет со новиот експресен пат. СтопанствоАтарот на селото не е голем и зафаќа простор од 6,6 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 269 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 201 хектар, а на пасиштата 131 хектар.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото во селото работел фабрички погон и имало услужни објекти.[2] Население
Селото е мало, без поголеми промени на бројот на населението. Така, Лакавица во 1961 година имало 139 жители, од кои 124 биле Македонци, девет Турци и двајца жители Срби, а во 1994 година 151 жител, од кои 119 биле Македонци и 29 жители Турци.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 139 жители, од кои 111 Македонец и 28 Турци.[3] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 123 жители, од кои 76 Македонци, 3 Албанци, 36 Турци, 1 Србин и 7 лица без податоци.[4] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Лакавица било село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип. Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица. Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Лакавица се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур. Избирачко место![]() Во селото постои избирачкото место бр. 2308 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Балталија.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia